Загина прилепчанец откако со мопед удрил во столб

by Fokus 11:48
11:48

Вчера попладне, жител на Прилеп загина на лице место откако изгубил контрола над мопедот кој го управувал и удрил во столб

„На 21.09.2020 во 17.25 часот на регионалниот пат Прилеп-Битола мопед „томос” без регистарски ознаки, управуван од Д.Н.(66) од Прилеп, изгубил контрола и удрил во столб.

- Advertising -

Во незгодата, соопштија денеска од МВР, возачот починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп. Увид извршила увидна екипа на Полициска станица Прилеп“, велат од МВР.

Поврзани новости