Загина момче од Демир Капија

by Фокус

Утринава околу 03:30 часот, двесет и четири годишно момче од Демир Капија го изгуби животот во сообраќајна несреќа.

Според СВР Велес, несреќата се случила на автопатот А1, кај местото викано Арсова Лака, а во неа учествувал патнички автомобил марка ,,Сеат Леон’’ со неготински регистарски таблички управуван од С.Ј. (24) од Демир Капија и патнички автомобил од марката ,,Мерцедес’’ со скопски регистарски таблички управуван од Ѓ.Ч. (65) од Скопје.

Во незгодата на самото место починал С.Ј. додека Ѓ.Ч. со тешки телесни повреди бил пренесен во Општа болница Кавадарци.

Поврзани новости