Загина млад мотоциклист од Делчево

by Fokus

Утрово во селото Стамер, загина млад мотоциклист од Делчево, пренесуваат од Министерството за внатрешни работи.

„На 02.08.2021 во 04.50 часот било пријавено дека во с.Стамер, делчевско, Д.Д.(28) од с.Стамер, управувајќи моторцикл, изгубил контрола и паднал. Д.Д. починал на местото на незгодата, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Делчево“, велат од МВР.

Поврзани новости