Загина функционерка на ДОМ

by fokus

ДОМ соопшти дека 20 декември во сообраќајна несреќа животот го загуби Марија Михајловска, на возраст од 28 години, нивна функционерка, членка на ДОМ од 2008 година.

-Во моментот кога згасна нејзиниот млад живот таа беше претседавач на Претседателството на МОДОМ, чиј член беше од 2014 година, и одговорна за меѓународната соработка на МОДОМ. Таа беше и претседател на комисијата за антидискриминација и родова еднаквост на МОДОМ. Во ДОМ таа беше и член на правната комисија на партијата. Вработена беше во Агенцијата за млади и спорт, како контакт лице за комуникација со граѓани со некаков вид и степен на попреченост или, како што таа сметаше, за лица со посебни потреби, и беше горда на тоа, велат од ДОМ.

Комеморативната седница ќе се одржи во сабота, 24 декември, во 11 часот во салата на Стопанска Комора на Македонија, спроти седиштето на ДОМ.

Поврзани новости