Загина 36-годишник во тешка сообраќајка на патот Градско-Прилеп, четири лица повредени

by fokus

Во тешка сообраќајка, која се случи вчера на магистралниот пат Градско-Прилеп, кај с.Дебриште, загина 36-годишен маж, сопатник во возило марка „голф“, додека четири лица се здобиле со повреди, соопштија од полицијата. Несреќата се случила околу 08.00 часот кога се судриле „голфот“ со битолски регистарски ознаки „ланд ровер“ со велешки регистарски ознаки.

„Во незгодата починал сопатникот од возилото “Голф“ Б.Д.(36). Со тешки телесни повреди се здобил возачот 34-годишниот Р.Д. од с. Острец- битолско, додека возачот на „ланд роверот“, 30-годишниот О.Г. од Велес и тројца сопатници од двете возила се здобиле со телесни повреди. Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Велес“, велат од полицијата.

Поврзани новости