Загина 35-годишен скопјанец кој утринава паднал искачувајќи ја Матка

by fokus

Алпинист на возраст од 35 години со иницијали И.М. од Скопје починал утринава откако паднал во близина на хидроцентралната на Матка. Обезбедувањето го забележало алпинистот кој се искачувал на планината како паднал од голема височина околу 07.35 часот, велат од Министерството за внатрешни работи.

Веднаш потоа И.М. е пренесен во ургентниот центар и му била пружена помош на КАРИЛ во државна болница, но околу 11.45 часот подлегнал на повредите.

Поврзани новости