Загина 27-годишен прилепчанец во сообраќајна несреќа, две момчиња се повредени

by fokus

27-годишник со иницијали Б.К. загина вчера на полноќ во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Прилеп – с.Ропотово откако возилото марка „пежо 307“ со кое управувал излетало од коловозот и се превртело.

Б.К. починал на местото на несреќата, а со телесни повреди се здобиле сопатниците Ф.Б.(27) и О.Д.(18) и биле пренесени во Општата болница Прилеп за укажување на лекарска помош.

Од полицијата додаваат дека извршен бил увид од Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Прилеп.

 

Поврзани новости