Загина 19-годишен кумановец, му паднала статива врз глава

by fokus

Деветнаесет годишниот Б.С. од кумановското село Ропалце починал во текот на вчерашниот ден, поради повреди кои ги добил по пределот на главата. Како што било пријавено во полиција, момчето загинало во несреќен случај, односно додека бил на стадиот со рацете се фатил за стативата на голот, која се скршила и му паднала врз глава.

-На 13.10.2017 година во 17.10 часот, од Градската општа болница “8-ми Септември“ примено е известување дека кај нив починал Б.С.(19) од с.Ропалце – Куманово, кој во 14.30 часот со приватно возило бил донесен со тешка повреда на главата. Имено, околу 14.00 часот додека Б.С. бил на стадион во с.Сарај-Скопје, се фатил со рацете за стативата од голот, истата се скршила, Б.С. паднал, а врз неговата глава паднала стативата. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Поврзани новости