Загадувањето во Ѓорче Петров го мери волонтерската мрежа Skopje Pulse, објаснуваат од „Мој воздух“

by fokus

Загадувањето во скопската населба Ѓорче Петров го мери мерна станица на волонтерската мрежа Skopje Pulse, објаснуваат од изворот на податоци „МојВоздух“, откако вчера беа објавени фрапантни податоци за загадување од 1999 ПМ честици на метар кубен во оваа општина, а при тоа Министерството за животна средина испрати соопштение дека државата нема поставена мерна станица на оваа локација. Објаснувањето на „Мој воздух“ го пренесуваме во целост:

МојВоздух има (засега) 2 извори на податоци:

1) Мерните станици под Министерството за животна средина и просторно планирање
2) Мерните станици од проектот Skopje Pulse.

Првите се дел од државната мрежа, и нивните податоци се официјално користени од институциите, ЕУ, како и другите апликации за загадување.

Вторите се дел од волонтерска мрежа, поставени и управувани од волонтери. Тие се стремат да ја зголемат покриеноста на мерењата во рамките на Скопје, како и да мерат дополнителни податоци (пример бука).

Начинот како може да ги разликувате едните од другите е по нивното име. Станиците што се дел од волонтерската Skopje Pulse мрежа, во името содржат “(Pulse)” (пример е станицата во Ѓорче Петров). Останатите што немаат таков дел во името, се во склоп на државната мрежа под министерството.

Поврзани новости