Загадувањето фатално за здравјето на луѓето во земјава и регионот

by Frosina Fakova

Последниот извештај на Европската агенција за животна средина, ЕЕА, покажува дека аерозагадувањето и натаму претставува најголема еколошка опасност по здравјето, а Северна Македонија и другите земји од регионот конзистентно покажуваат лоши резултати во анализите за последиците од загадувањето врз здравјето на граѓаните, јави дописничката на МИА од Брисел.

Албанија и Босна и Херцеговина бележат најлоши резултати во делот на смртни случаи поради животната средина и се на дното на скалата од вкупно 37 рангирани земји. Албанија е на последно место, со 172 смртни случаи на 100 илјади лица. Северна Македонија е осма од дното на скалата со 120 смртни случаи на 100 илјади. Полошо од нашата земја се рангираат БиХ, Романија, Бугарија, Унгарија, Црна Гора и Летонија. Со рангирањето се опфатени 37 земји, 28 од Европската Унија, пет земји од Западен Балкан без Косово за кое агенцијата нема податоци и четири земји од Европската економска област (EEA).

Бројките на Агенцијата покажуваат дека квалитетот на животната средина помеѓу Источна и Западна Европа е драстично различна, па така во Исланд, кој е на врвот на скалата, прерани смртни случаи поради состојбата со животна средина изнесуваат 35 на 100 илјади. Шведска, Норвешка и Швајцарија исто така се рангираат меѓу најдобрите.

Поврзани новости