Загадување има постојано, воздухот е почист само кога има ветер

by fokus

Иако за време на празниците воздухот не беше толку загаден, последниве денови повторно се чувствува загадувањето на воздухот, а тоа го покажува и апликацијата на Министерство за животна средина и просторно планирање за квалитетот на воздухот. Според оваа апликација, последните денови се забележува зголемување на ПМ 10 честитчките во воздухот.

Активистката Невена Георгиева од „О2 Иницијатива“ вели дека загадување имаме постојано зошто не се влијае системски. Според неа, воздухот единствено го расчистува ветерот.

-Загадување имаме постојано зашто не се влијае системски и во поголем обем во намалување на изворите на загадувачки емисии, кои потекнуваат и од индустрија , домаќинства, сообраќај, непланирана урбанизација. Тоа што во одредени денови имаме подобрување т.е. намалување се должи само на метеоролошки причини, кога има повеќе ветер загадувањето се издувува од котлините, кога нема, се таложи и се зголемува, исто влијае и температурата со термалната инверзија. Така да накратко зголеменото загадување се должи на се претходно, вели Георгиева.

Поврзани новости