Зафир Хаџиманов промовираше книга за неговата младост во Скопје

by Fokus

Музичарот, актер, поет и почесен амбасадор на културата во Србија, Зафир Хаџиманов, ја промовираше книгата Песмопојац / Песнопоец во Здружението на писатели на Србија, во Белград.

Книгата е издадена на македонски и српски јазик, и претставува збирка на кратки автобиографски раскази, во кои Хаџиманов раскажува за детството, за неговото созревање во Скопје и за раната младост. Тој е автор на збирките поезија „Шансони на хартија“, „Азил“, „Народен пејач“, „Пес-Пејачка“ и „Брат“, кои се објавени на македонски и српски јазик.

Познат е по хитовите „Како Вардар“, „Љуби ме и главата горе“, Од љубов не се бега“, а се има појавено и како актер во неколку филмови и серии. Хаџиманов е родум од Кавадарци и долги години со сопругата Сенка Велетанлиќ живее во Белград. Носител е на десетици признанија и награди за музика и поезија. Тој е син на легеднарниот етномузиколог Васил Хаџиманов, кој животот го посвети на фолклористиката и зад себе оставил над 5.000 записи од стари македонски песни.

В.К.

Поврзани новости