Зафир Хаџиманов ќе почива во Алејата на заслужни граѓани во Белград

by fokus

Музичката легенда Зафир Хаџиманов ќе биде погребан во среда, на седми април на Новите гробишта во Белград, информира неговиот син Васил.

Неговата урна ќе биде положена во Алејата на заслужни граѓани.

-Кога ќе помине оваа грозна пандемија ќе направиме испраќање, какво што му доликува, и какво што заслужи Зафир.

Ќе го испратиме со песна и насмевка. Баш така како што би сакал и како што живееше цел живот –порача Васил, заблагодарувајќи се на поддршката од јавноста.

Како потсетување, Зафир ја изгуби битката со корона вирусот на своја 77 годишна возраст. Неколку години наназад беше со нарушено здравје, и во повеќе наврати изјавуваше дека има хронични проблеми со срцето.

Во интервју за „Фокус“ од пред неколку месеци раскажуваше дека поради староста и нарушеното здравје живее како во домашен притвор, и како се надева дека набргу ќе и дојде крајот на пандемијата.

Вики Клинчарова

Поврзани новости