Заев: Знам дека сум направил вистински избор кога е поставена жена на функција и никогаш не сум се излажал

by Fokus

Многу е важно да се смени третманот на жената во нашето општество. Тргнувам од себе и моето чувство дека сум направил вистински избор кога сум делегирал жена за било каква позиција и никогаш не сум се излажал, истакна премиерот Зоран Заев на средбата со дел од членките на новоформираната Работна група за унапредување на родовата еднаквост во спортот.

Координаторката на групата, Силвија Митевска, поранешна параглајдеристка и претседателка на граѓанското здружение „Такт“ и спортските работнички Андријана Будимир, Гордана Нацева, Моника Гаврилоска, и деканката на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, Ленче Алексовска Величковска, на премиерот му ги презентираа целите на работната група, која е составена по препорака на првата национална конференција – жени во спорт одржана во јуни годинава.

Поврзани новости