Заев зема плата од 1.300 евра, Шекеринска 1.150, Травари и Димитров по 1.070 евра

by fokus

Претседателот на Владата, Зоран Заев, има месечна плата од 1.299 евра, утврдена со Законот за плати на именувани функционери. Премиерот има највисока плата во Владата, а истиот износ го добивале и претходните премиери, Никола Груевски и Емил Димитриев, затоа што висината се определува според коефициент определен со закон.

Вицепремиерите земаат плата за околу 150 евра помала од Заев. Платата на замениците на претседателот Бујар Османи, Хазби Лика, Радмила Шеќеринска, Кочо Анѓушев и Оливер Спасовски изнесува 1.156 евра.

Платата на министрите, пак, е во висина од 1.070 евра. Толку земаат Таравари, Царовска, Тевдовски, Сугаревски, Манчевски, Салији, Димитров меѓу другите. Исто толку изнесува и платата на министрите без ресор.

Но владините функционери можат да зимаат повисока плата од оваа. Според Законот, платите на премиерот и министрите се пресметуваат со помножување на просечната плата од минатата година со законски утврдениот коефициен, кој во случајот со премиерот е 4.50. Но како основица за пресметување на платата во Владата го земаат износот од 18.000 денари, иако просечната нето плата од минатата година е во износ од 22.000 денари.

Поврзани новости