Заев: Засега успешно танцуваме во справувањето со корона вирусот

by Fokus

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во вечерашното гостување на Канал 5 ТВ во „Само интервју“, говореше за ситуацијата со корона вирусот во Македонија.

Како што вели тој, нашиот здравствен систем досега добро се справува со заразната болест.

„Засега успешно танцуваме во справувањето со заразата. За неколку седмици ако таа бројка помине повеќе од 760, ако се дуплираат бројките, тогаш доаѓаме до Фактор 1. Верувам дека сме успешни комплетно во целата оваа работа. Драго ми е што ја вративме довербата во институциите“, рече Заев.

Поврзани новости