Заев: Законот за јазиците нема да се менува во зависност од резултатите од пописот

by fokus

Законот за употреба на јазиците, правата на Албанците и на помалкубројните заедници апсолутно остануваат исти и тоа никако не се менува во зависност од севкупната бројка на попишани, во зависност од резиденти или нерезиденти и тука сме на чисто, изјави денеска премиерот Зоран Заев на прес-конференција во Владата, одговарајќи на новинарско прашање кои податоци кои произлегуваат од пописот ќе се користат како основа за креирање на државните економски и социјални политики, конкретно кога станува збор за правична етничка застапеност и користењето на јазиците.

Истакна оти пописот нема да доведе до ретроградни процеси. Уставот, вели, е јасен, законите се јасни и продолжуваат да важат и тука треба да бидеме сите спокојни.

Основно, како што рече Заев, е да знаеме вкупно колку државјани имаме и граѓани, колку се надвор и колку се тука во државата, а врз основа на тие параметри ќе се димензионираат сите економски, социјални, културолошки и други ресурсни политики, како политики на развој и раст.

Поврзани новости