Заев: Заканата од зголемена радикализација е загриженост што ја делиме сите

by fokus

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, денеска се обрати на конференцијата на тема „Странскитерористичкиборци, промовирање,превенција и отпорност”, во организација на мисијата на ОБСЕ во Република Македонија, американската амбасада во Скопје, и на Националниот комитетот за сузбивање на радикализација и насилен екстремизам.

-Заканата од зголемена радикализација и од странските борци, е загриженост што ја делиме сите земји од Западниот Балкан. Таа радикализација ѝ се заканува и на регионалната стабилност со повремено поларизирање и поделби во регионот, најчесто на меѓуетнички и на верски план.Ова е причината зошто е потребна регионална соработка на сите нивоа, за успешна борба против радикализацијата. Позитивен развој е формирањето на платформата за регионална соработка против насилниот екстремизам и против феноменот на странските борци. Оваа иницијатива е израз на заедничките ставови кога станува збор за борба против овие глобални закани.
Во таа смисла, од суштинско значење е развивањето и на превентивната компонента.Тоа подразбира проактивен пристап, висок степен на унифицираност, континуирана професионална надградба за подигнување на нивото на оперативна способност и ефикасен одговор на сите безбедносни закани поврзани со тероризмот, рече Заев.

Поврзани новости