Заев за „твитот“: Коректно е човек да се корегира кога ќе погреши нешто

by fokus

Премиерот Зоран Заев денеска истакна дека е коректно човек да се корегира кога ќе погреши, коментирајќи за „твитот“ кој ја разлути Грција, во кој тој напиша дека дава силна поддршка на македонската фудбалска репрезентација.

На пратеничко прашање зошто се извинил, кога според Преспанскиот договор не е забрането да се користи придавка македонска, Заев рече:

– Јасно е согласно Преспанскиот договор дека е дозволено да се користи македонска, македонско, Македонец…Кога се претставува државата, а Фудбалската репрезентација ја претставува, тогаш е „На Северна Македонија“. Затоа е коректно и политички човек да се корегира кога ќе погреши нешто. Јас сум го потпишал Преспанскиот договор. Нема дилема кога се употребува „На Северна Македонија“, а кога Македонец, македонско. Претходно за сите во светот бевме ФИРОМ,  а дома Македонија. А сега за сите сме Северна Макесонија, но сме секаде Македонци кои зборуваат македонски јазик, истакна Заев.

Во „твитот“ од понеделникот кој ја налути грчката влада, Заев напиша дека фудбалскиот натпревар го следи заедно со холандскиот премиер и дека без оглед на резултатот, дава поддршка на „македонската фудбалска репрезентација“.

-Денеска од стадионот во Амстердам давам силна поддршка на македонската фудбалска репрезентација, напиша тогаш Заев.

Поврзани новости