Заев за случајот со Наумовски: Не смееме да бидеме дивергентни во изјавите

by fokus

Премиерот, Зоран Заев, денеска изјави дека има голема доверба во министрите, Радмила Шекеринска и Никола Димитров, на прашање за скандалот со македонскиот амбасадор во Вашингтон кој беше обвинет дека ја „преспал“ посетата на Шекеринска во Пентагон.

-Не гледам проблеми во соработката кај министрите, се работи за двајца од колегите во кои имам голема доверба и одлична соработка. Повикувањето на амбасадорот на консултации е работа на министерот за надворешни работи. Тој ги знае сите детали како треба да се постапува. Јас сум човек кој прашањата за проблемот со име ги одговара внимателено но и транспарентно. Не се согласувам со избрзаните изјави на нашиот амбасадор во Вашингтон. Мораме да водиме грижа и да му дадеме шанса на процесот. Дивергентни и спротивни во изјавите не смееме да си дозволиме да бидеме – рече Заев.

Инаку Владата се најде пред остри критики поради изјавите за Наумовски и постапката која МНР ја отвори против него, а дел од експертите обвинуваат за политички реваншизам. Амбасадорот се оправда дека не е негова вина што не бил дел од делегацијата на Шекеринска затоа што воопшто не бил контактиран и повикан.

Поврзани новости