Заев за разрешениот советник на Груби: Недозволиво е употреба на дрога

by Фокус

Премиерот Зоран Заев денеска потврди дека советникот Шпат Касапи од кабинетот на вицепремиерот Артан Груби е разрешен поради поседување дрога, оценувајќи дека не може лице на такво високо ниво да биде поврзано со недозволени активности.

-На работен состанок, првиот заменик претседател на Владата ме информираше директно мене. Недозволиво е употреба на дрога кај советник во кабинет на највисоко ниво. Веднаш презеде дејствија уште денеска да го разреши поради таа одговорност. Ме информираше на редовниот состанок утрово после седница на штабот, кај 10 часот, имавме состанок и тој вчера разбрал од медиумите – изјави Заев во Тетово.

Првиот вицепремиер Артан Груби претходно денеска потврди дека утрово го разрешил Касапи, откако медиуми објавија дека познатиот пејач пред еден месец бил фатен со пакетчиња прашкаста материја во населбата Ѓорче Петров во Скопје.

Поврзани новости