Заев за „Радио слободна Европа“: Ако нема фер избори и уличната демократија е опција

by Фокус 13:18
13:18

Aко во овој втор изборен круг нема јасно разграничување на државата од партијата, сите опции се отворени. Бојкот, непризнавање на резултатите, улична демократија – иако се надеваме на опцијата за победа, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев во денешното интервју за „Радио слободна Европа“.

– Шансата е дадена до 27-ми, пред сè на власта, да се отрезни и освести, сè е минливо и менливо, ако продолжат да ја имаат целосната државна контрола, системска контрола врз секој гласач, што го прават, тогаш јасно е за сите, тука немате фер услови за изборен предизвик и за резултат, порача Заев.

- Advertisements -

Во интервјуто тој говори и за тоа кога СДМС ги добилa снимките за „Македонска банка“ и зошто ги објавилa.

Поврзани новости