Заев за Иванов: Ние треба да им помагаме на граѓани, не да им одмагаме

by fokus

Граѓаните се тие кои ќе одлучат на референдум, а секако јас како премиер и господинот Ѓорге Иванов како претседател треба да им помогнеме на граѓаните, а не да им одмогнеме, изјави денеска премиерот Зоран Заев по отворањето на Бизнис форумот-инвестициски проекти и можности во секторите транспорт, енергетика и животна средина во Република Македонија.

Одговарајќи на новинарско прашање за соопштението од претседателот Иванов во врска со преговорите за името и забелешките упатени кон него за начинот како се води процесот, Заев рече дека останува на неговите стојалишта и принципи, како и секогаш градејќи соработка и избегнувајќи кавги или непријатни ситуации.

– Ние политичарите треба да им служиме на граѓаните и треба да градиме соработки, да ја унапредуваме Македонија во сите нејзини перспективи. Во таков случај, јас верувам дека ние ќе имаме состаноци, таму можеме да ги вадиме сите аргументи, секој да постапува согласно своите надлежности и да не заборавиме дека сме поставени од граѓаните. Тие не поставуваат, тие не менуваат и согласно за вака важно прашање одлучивме референдумското изјаснување да биде многу важно, истакна Заев.

Поврзани новости