Заев за „Фајненшл тајмс“: Власта ја крие катастрофата во економијата

by Фокус

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за „Фајненшл тајмс“  вели дека тие објавиле докази, кои покажуваат само дел од реакциите на министерот за финансии, Зоран Ставревски, за она што се случува во Македонија, особено околу трошењето на парите на граѓаните.

– Со признанието на министерот за финансии сѐ е јасно. Во јавноста, официјално се зборува едно, затоа што власта има целосна контрола над медиумите. Власта објавува на граѓаните дека нашата економија е трета во светот, дека има раст на БДП, раст на економијата и слично. Но, вистинската ситуација е различнa и ја потврдуваат овие разговори – тврди Заев во интервјуто.

Поврзани новости