Заев: За доброто на Македонија подготвен сум да му подадам рака на Иванов

by fokus

„Подготвен сум да простам“, рече вечерва лидерот на СДСМ, Зоран Заев во дебатниот магазин Клик Плус на тв 21.

Тој очекува следната недела претседателот Ѓорѓе Иванов да го додели мандатот, бидејќи како што рече добил информации дека одлуката од мнозинството е стигната и од понеделник или вторник ќе почнат да течат десетте дена, за време на кои претседателот Иванов е должен да го даде мандатот, рече Заев.

„Ако тоа е потребно, му подавам рака на Иванов, за доброто на Македонија“, рече лидерот на СДСМ.

„Ќе одам и уште еднаш ќе гарантирам таму дека унитарноста ќе биде зачувана и унапредена, се што ќе се работи ќе биде согласно Уставот, дека Македонија останува мултуетничко, а не бинационално општество“, рече Заев.

Поврзани новости