683
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска одржа прес-конференција на завршницата од Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Виена, каде присуствуваше на покана на австрискиот канцелар, Себастијан Курц.
На конференцијата за новинарите, премиерот Заев информираше дека во македонско-бугарскиот пријателски дијалог, е направен голем европски исчекор и изрази силно уверување дека низ овој процес, наскоро, Западен Балкан на Европа ќе и донесе нова позитивна вест.
„Ја враќаме довербата меѓу двете држави и меѓу нашите многу блиски, би рекол братски народи. И барам поддршка од сите вас на тој пат. Европската перспектива мора да го победи евроскептицизмот“, подвлече премиерот Заев.