Заев за амандманите на Левица: Еве ја апсурдноста и нелогичноста на блокирањето на Собранието

by fokus

Еве ја цела апсурдност и нелогичност на блокирањето на Собранието од страна на опозицијата, напиша премиерот Зоран Заев на неговиот Фејсбук профил како реакција на амандманите што ги поднесе опозицијата.

Тој објави еден од амандманите на пратеникот од Левица, Борислав Крмов поднесени на предлогот за измени на Деловникот со коишто треба да се овозможи на седниците онлајн да се вклучуваат пратеници кои се во изолација или болни од Ковид-19. Во амандманот пишува „Пратениците што учествуваат во Собранието од далечина не смеат да носта облека и обележја за маникир и педикир пред камера“.

-Еве го односот на Мицкоски и дел од пратениците од опозицијата кои дејствуваат по неговите опасни насоки. Ова е срамна непочит кон македонските граѓани. Уште еднаш ги повикувам пратениците од опозицијата да не посегнуваат кон загрозување на помошта за лозарите, пензионерите, самохраните родители, филмските работници, за сите граѓани, напиша Заев.

Пратениците кои ќе се вклучат онлајн за Велигден да имаат бојадисано јајце пред камера – амандман за новиот Деловник

Поврзани новости