Заев: За 5.000 евра се докажува дали снимката е монтирана!

by Фокус 10:08
10:08

Сите знаат како звучи Груевски со неговата специфика и сите знаат дека за 5.000 евра најврвната институција во светот може да му докаже дали е монтажа или не, порача лидерот на СДСМ Зоран Заев вчера попладне од Виница осврнувајќи се на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека биле монтирани снимките коишто тој ги објави за продажбата на „Македонска банка“.

Тој ги повика виничани масовно да гласаат и со својот глас да допринесат во Македонија работите да се променат.

- Advertising -

– По објавувањето на криминалниот скандал, директно поврзан со Никола Груевски, јасно е кој е креаторот на целиот систем за испумпување на народните пари преку офшор-компании. Ако пред неколку години постоела таква шема, да може за продажба на банка да земе 1,5 милион евра во кеш и згора да ја оштети државата, што ли се случува денес? – праша првиот социјалдемократ.

За Заев нема бегање од овие докази и не може да има.

– Ние никогаш не сме биле Северна Кореја и нема ни да бидеме. Ова е наш народ, наша држава и ќе се бориме за неа, да биде слободна, демократска, правична држава. Затоа ве повикувам, заедно, на изборите да излеземе масовно и да ги промениме работите – рече Заев.

Поврзани новости