Заев, Вучиќ и Рама утре потпишуваат Меморандум за соработка во борбата против Ковид-19

by Fokus

Северна Македонија, Србија и Албанија утре ќе потпишат Меморандум за разбирање и соработка во борбата против Ковид-19, јави допсникот на МИА од Белград.

Како што соопштија од кабинетот на српскиот претседател Александар Вучиќ, тој утре со премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев и премиерот на Албанија, Еди Рама ќе учествува преку видео врска на конференција на Малиот Шенген.

Покрај Вучиќ, на состанокот ќе учествуваат и премиерката на Србија, Ана Брнабиќ и министерот за здравство, Златибор Лончар.

-По овој повод, ќе биде потпишан Меморандум за разбирање и соработка меѓу Србија, Северна Македонија и Албанија за соработка во борбата против Ковид-19 и меѓудржавен договор меѓу Србија и Албанија за слободно движење на граѓаните со лични карти, соопштија од кабинетот на Вучиќ.

Вучиќ по видео состанокот одржан на 30 октомври со премиерите Зоран Заев и Еди Рама кажа дека е важно што се донесени неколку важни одлуки, кои ќе бидат спроведени најдоцна од 10 ноември.

-Тогаш без ПЦР тест ќе може да се оди во Албанија и Северна Македонија, или оттаму во Србија, кажа Вучиќ.

Поврзани новости