Заев: Време е за вистински патриоти, за оние кои преземаат акција

by fokus

Време е за вистински патриоти за оние кои преземаат акција, кои го почитуваат минатото, но нивниот поглед е фокусиран во иднината. Време е да донесеме подобар живот во Македонија. Време е на 30 септември да донесеме одлука со која ќе се гордееме, одлука за идните генерации, порача вечерва пред кумановци претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев на трибината Излези За европска Македонија.

Тој рече дека го решиле спорот со Грција и дека се зајакнал македонскиот идентитет и македонскиот јазик, кој се впишува во ризницата на светските јазици, но нагласи дека е потребно да се понесе одговорност за европска Македонија.

– Граѓаните ќе го имаат последниот збор, граѓаните ќе одлучат, ќе изберат за иднина, за европска Македонија. Членството во НАТО и ЕУ носи нови инвестиции, нови работни места, посочи Заев, додавајќи дека невработеноста ќе се намалува и посочувајќи примери од земјите од регионот кои влегоа во НАТО.

Платите, додаде, ќе растат, а младите ќе останат.

– Да ги повикаме нашите роднини и пријатели да се вратат во Македонија која ќе биде безбедна држава, просперитетна, рече Заев.

Додаде дека ова е историски момент, оти одлуката на 30 септември е поголема од партиите и дека е време да се остават кавгите настрана и да се види светлината на Европа.

Поврзани новости