Заев: Враќањето на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието ќе придонесе за нови инвестиции

by fokus

Премиерот Зоран Заев на денешниот брифинг со новинарите рече дека за новите инвестиции многу е важна политичката клима во државата, а за тоа позитивен ефект има враќањето на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието.

-Враќањето на опозицијата во Собранието ќе придонесе за нови инвестиции. Ние досега потпишавме договори за инвестирање со 10 компании. Со 200 компании сме во преговори. ВМРО-ДПМНЕ вели дека тие ни ги донеле инвестиции. Да, точно е, дел од нив можеби биле во преговори со претходната влада. Преговарале со владата, ги снемало, па сега повторно се враќаат. Нема биде тоа заеднички успех на сите. Дајте да го кренеме БДП, рече Заев.

Поврзани новости