Заев воодушевен од пречекот на Меркел

by Fokus 17:50
17:50

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев придружуван од заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров беше пречекан од канцеларката на Сојузна Република Германија, Ангела Меркел пред почетокот на Конференцијата за Западен Балкан во Берлин.

Непосредно пред почетокот на Конференцијата, владината делегација оствари работен состанок со канцеларкатаМеркел на која главна тема на дискусија беа придобивките од Договорот од Преспа за стабилноста, соработката и мирот во регионот.

- Advertisements -
Banner 300x250_

Заеднички беше констатирано дека Северна Македонија и Договорот од Преспа се позитивен пример на Балканот и дека тој успех е охрабрување за сите земји учеснички на Конференцијата за Западен Балкан.

Премиерот Заев и канцеларкатаМеркел ја истакнаа важноста на економските придобивки кои ги носи билатералната соработка меѓу Северна Македонија и Грција и потенцираа дека ваквите соработки треба да се интензивираат низ целиот регион.

Премиерот Заев на средбата нагласи дека соработката, пријателството и реформите кои ги спроведува земјата се сериозни аргументи за позитивна одлука од страна на Европската Унија за почеток на преговорите во текот на летото.

Поврзани новости