Заев во вторник на средба со италијанскиот премиер, Конте сака ЕУ да се врати на Македонија уште наредниот месец

by fokus

Премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју на Алсат ги потврди информациите дека италијанскиот премиер Џузепе Конте покренал иницијатива ЕУ да се врати на проширувањето и полнувањето преговори уште во ноември годинава. Поради тоа, Заев во вторник ќе оди на средба со Конте, но вели дека сега ќе закочи со оптимизмот.

-Јас сега малку ќе закочам со мојата надеж и оптимизам. Наше е да си работиме, а ЕУ што побрзо да си ја поправи грешката. Конте е многу гласен и јавно ги кажува работите. Јас во вторник сум на средба со Конте кај него. Ме покани бидејќи има најави дека во ноември ќе се одржи средба на ГАК кадешто треба да се врати темата за проширувањето. Јас ќе ги дадам сите можни аргументи, ниедна земја ги немала тие аргументи. Веќе работат и други премиери, работат и ЕПП и социјалистите. Јас сум тука да ги им ги давам аргументите. Се најавува дека ќе се слушнеме со Макрон. Јас очекувам оваа недела да се одржуваат и некакви комуникации. Ние не можеме да се лутиме на Франција, таа ова го направи од внатрешни причини, но тие мора да и докажеме дека не е во право, рече Заев.

Поврзани новости