Заев: Во СДСМ има квалитетни кадри кои можат да ме заменат

by fokus

Премиерот Зоран Заев денеска повтори дека најпрвин ќе почека истрагата за пожарот во тетовската модуларна болница да се заврши, заедно со резултатите од вештачењето, по што ќе одлучи за поднесените оставки.

На прашањето дали не постои социјалдемократ кој може да го замени на премиерската функција, откако претходно изјави дека нема да даде оставка за да Христијан Мицкоски да дојде на власт, Заев одговори дека никој не е незаменлив.

-СДСМ е демократска партија со квалитетни кадри кои можат Заев да го заменат и веќе банално е ова прашање сиве овие денови, истакна Заев.

Поврзани новости