Заев: Во преамбулата на Уставот се додава Рамковниот договор како конститутивен елемент на државата

by fokus

Четирите амандмани се едноставени, немаат ништо спорно и се во согласност со меѓуанродните стандарди и оти заслужуваат поддршка од сите пратеници во име на интеграцијата во ЕУ и НАТО, изјави премиерот, Зоран Заев, на денешната прес конференција откако Владата го усвои текстот на нацрт амандманите  на Уставот на РМ согласно договорот од Преспа и заклучоците на Собранието..

Првиот амандман, како што соопшти премиерот, се однесува на замената на зборот Република Македонија со Република Северна Македонија секаде во Уставот освен во членот 36 каде има историски аспект.

Вториот се однесува на Преамбулата на Уставот, каде, како што рече Заев, одлуките на АСНОМ  се заменуваат со прогласот од Првото заседание на АСНОМ и се додава Охридскиот рамковен договор за да биде конститутивен елемент на државата. Тоа, наваде премиерот, дел од конституцијата од Уставот на РМ само сега се додаваат формулации и тоа е фер кон сите помалкубројни заедници

Во третиот амандман се додава само еден став, а тоа е  Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегриет и политичката независност на соседните држави, што дава посилни гаранции за трајност и неповредливост на границите со Грција, иако се однесува за сите соседи.

Во четрвтиот амандман, појасни премиерот, покрај потврдување на македонскиот идентитет стои дека Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство, и ги унапредува нивните врски со татковината.

– Токму тоа е за нашата дијаспора, за која останува грижата, но на еден европски начин. Направена е една преформулација на членот 49 за да не предизвика одредени други пречки во иднина. Републиката се грижи за припадниците на македонскиот народ кои живеат во странство. Републиката притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни  работи. На едноставен начин е прецизирано, но конечно е отстранета која било бојазност од двете страни во преговорите за што било во иднина да претставува пречка во градењето на пријателството помеѓу Република Македонија и Република Грција, рече Заев.

Тој истакна дека во нацрт-амандманите на Уставот се вклучени и предлозите на новата пратеничка група во Собранието.

Судски рочишта за инцидентите од 27 април во Собранието има речиси секој ден, а премиерот Зоран Заев порача дека политичарите се веќе свесни дека потребно е помирување за насилствата од Парламентот.

-Сигурно е дека сите пратениците не се осомничени. Потребата од тоа што е случи на 27 април е политичка. Треба да го отвориме процесот на помирување. Сите сме согласни дека мора да внимаваме за владеењето на правото. Пратениците се одговорни луѓе, многу сме свесни за потребата од помирување – соопшти Заев.

Поврзани новости