Заев во понеделник на прием и во седиштето на НАТО

by fokus 14:41
14:41

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, во понеделник, освен во Европската Комисија, ќе има прием и во седиштето на НАТО, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Покрај Високата претставничка на Европската унија, Федерика Могерини и еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, Заев во ќе се сретне во НАТО и со генералнитот секретар Јенс Столтенберг.

Се очекува премиерот да биде придружуван и од министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, како и од шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.

- Advertisements -

На овој состанок, премиерот Заев ќе може да го постави барањето до НАТО да се овозможи прием на Република Македонија во Алијансата под привремената референца, со оглед на тоа што земјата уште од 2008 година ги има исполнето условите за членство во НАТО.

Средбата Заев – Столтенберг се очекува некаде околу пладне во седиштето на Алијансата, а по нејзиното завршување е предвидена прес-конференција на македонскиот премиер и првиот човек на НАТО.

Поврзани новости