Заев во писмо до Вартоломеј побара автокефалност за МПЦ-ОА

by Фокус

Премиерот Зоран Заев испрати писмо до вселенскиот патријарх Вартоломеј во кое уште еднаш бара од него да се заложи за признавање на афтокефалниот статус на Македонската православна црква-Охридска архиепископија. Заев во писмото потсетува на нивната средба во Истанбул на која беше побарана асистенција и заложба на вселенскиот патријарх за МПЦ-ОА да биде признаена како автокефална и да биде примена во заедницата на помесните православни цркви.

„Го почитуваме сето она што е одредено од меѓународните договори и состојби. Но, бараме да бидеме слободни и црковно во рамките на границите на нашата земја и нашите архиереи да сослужуваат со архиереите од сите православни цркви во светот“, се вели во писмото на премиерот Заев до Вартоломеј.

Пред два дена писмо до вселенскиот патријарх во кое се бара прзнавање на афтокефалниот статус на МПЦ-ОА упати и претседателот Стево Пендаровски.

Поврзани новости