Заев во комуникација со европските лидери: Поддршка да се продолжи со реформите

by fokus

Премиерот Зоран Заев оствари комуникација и со премиерите на Германија, Шведска, Бугарија, Словенија, Малта и други европски лидери, вклучително и со еврокомесарот Јоханес Хан.

Од сите европски лидери стигна јасна порака со поддршка државата да продолжи по патот по кој тргна, да продолжи со реформите и интеграциите, брифираат за МИА од Влада.
Како што велат, сите оддадоа јасно признание за сите чекори кои ги презеде Северна Македонија и дека земјата и граѓаните се целосно подготвени, но дека неколку земји на ЕУ не се подготвени.
Од Влада појаснуваат дека во тек се консултации на различни нивоа, во врска со следните чекори што ќе бидат преземени по состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел.
Извори од Владата за Фокус ифнормираат дека сите одлуки околу евентуална оставка на премиерот Заев ќе бидат донесени по завршување на преговорите и изнесени пред јавноста на официјална прес конференција.

Поврзани новости