Заев: Во изборот на кандидатите за градоначалници ќе се водиме од анкетите

by fokus

СДСМ ќе ги бира кандидатите за градоначалници во зависност од тоа кој претендет ќе оствари најдобри резултати на анкетите за поддршка од граѓаните. Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека резултатите од анкетите ќе им бидат водилка.

–Изборните органите на партијата се веќе формирани, а овие денови ќе почнеме да ги носиме одлуките и за кандидатите за градоначалници и советници и среќен сум што има многу кандидати кои претендираат за овие функции во СДСМ што не беше порано така. Но, оние кандидати кои имаат најголема поддршка ќе ја добијат нашата доверба, бидејќи ветивме долг период да бидеме сервис на граѓаните. Анкетите покажуваат дека партиите се од секундарно значење, важни се кандидатите и програмите – рече премиерот.

Тој додаде дека очекува регуларни кредибилни избори, фер и демократски, при што граѓаните ќе ги изберат првите луѓе на општината и советниците.

– Општините се серизен фактор на влијание во секојдневниот живот на граѓаните, под нив се училиштата, градинките, комуналните претпријатија, допираат во секоја сфера од животот и семејството. Затоа да бидеме паметни, да кандидираме добри кандидати за градоначалници кои се по мерка на граѓаните – истакна Заев.

Поврзани новости