Заев: Во 2025 би ги завршиле преговорите со ЕУ според досегашните искуства

by fokus

Премиерот Зоран Заев, од Брисел, по средбата со претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск, изјави дека во срцето на Европа е потврдена новата голема вест дека Република Македонија добива датум за почеток на преговори.

-Нашата земја го заслужува тоа, лидерите на ЕУ рекоа дека го заслжуваме тоа. Европскиот совет потврди дека Македонија како заробена држава за една година направи пресврт и е земја на позитивни промени и инклузивност – изјави Заев.

Како што рече тој процесот на пристапување не завршува со отворање на поглавјата, туку допрва почнува.

-Според досегашните искуства преговорите траат седум или повеќе години. Со оглед на тоа во 2025 година би ги завршиле преговорите за членство, како што предвидува стратегијата. Пред нас има конкретна цел, останува да си ја завршиме нашата зача и гордо да влеземе низ портитиите на ЕУ. Нема назад, верувам оваа е шанса и за Брисел. ЕУ не треба да пропушти можност цврсто да вгради уште една алка во синџирот на вредности – рече Заев на заедничката прес конференција со Туск.

Поврзани новости