Заев: Влезот во ЕУ ќе го намали иселувањето на граѓаните

by Фокус

Исполнувањето на европските и евроатлантските аспирации на Северна Македонија ќе го намали иселувањето на граѓаните, истакна премиерот Заев на панел сесија на Самитот „Македонија 2025“. Притоа, тој нагласи дека Владата работи постојано на креирање политики и сериозни ресурси во однос на олеснување на пристапот на капиталот од бизнис дијаспората во правец на отворање нови работни места во татковината.

-Потребна ни е стратегија којашто ќе ги адресира сите предизвици заради кои заминуваат нашите луѓе од земјата, за да можеме да ги поставиме во позиција да ги одвратиме и да ги мотивираме да останат тука. Наша должност е, сите да создаваме овде и да ја менуваме Република Северна Македонија. Да ја европеизираме со европските вредности коишто овде ќе ги почувствуваме, но и во делот на севкупниот квалитет на живот – порача Заев.

Поврзани новости