Заев: Власта ми се заканува, ама око не ми трепнува!

by Фокус 08:09
08:09

Реков да престанат заканите кон мене, кон моето семејство, пријателите и кон социјалдемократите. И толку! Немам намера дополнително да сеам страв, ама ниту окото нема да ми трепне, изјави вчера претседателот на СДСМ, Зоран Заев на гостувањето во телевизија „24 вести“.

– Јас сум на страната на правдата, на страната на вистината и ќе се борам до крај! Јас сум првоповиканиот во оваа наша земја како претседател на најголемата опозициска партија да бидам најхрабар, да бидам бидам најодважен, да и’ соопштам се’ на Македонија. Да знае се’ и потоа да донесе одлука – изјави Заев.

На прашањето на новинарот кој му се заканувал Заев рече:

- Advertising -

– Директно власта! Толку треба да кажам, посебно за тоа немам намера да зборувам. Секој коментар за детали – кој тоа се заканувал, апсолутно ќе потврди дека Заев нешто се плаши или сака да го наметне и да го прошири стравот. Окото не ми трепнува!

Заев во интервјуто потенцираше дека нема да се повлече од лидерското место во СДСМ доколку ги изгуби изборите и не го повтори резултатот на Бранко Црвенковски во 2011 година.

Поврзани новости