Заев: Владата усвои мои предлози, но донесе и дополнителни мерки

by Фокус

Донесени се важни одлуки, државата ги спасува работните места на граѓаните, порача лидерот на СДСМ Зоран Заев, откако владата денеска го промовираше вториот сет на мерки за поддршка на стопанството.

„Ова се мерки вредни 200 милиони евра, мерки на солидарност, на меѓусебно помагање во тешки ситуации, ова се мерки за помош на секое семејство, мерки за помали трошоци на секое домаќинство додека трае кризата. Денес, сите ние поединци, целото нашето општество, нашата економија, сите сме ставени пред важен тест. Тој тест ќе го положиме само ако сме солидарни, ако си помагаме еден на друг. Само така ќе излеземе победници од овој здравствен и економски предизвик“, напиша Заев на фејсбук.

Тој истакна дека Владата усвоила голем дел од економските мерки што тој ги предложи, но, како што рече, донела и дополнителни мерки.

Поврзани новости