Заев: Верувам дека може да дојде до договор со Бугарија до крајот на годината

by fokus 18:40
18:40

Искрено верувам дека е можно до крајот на годината да дојде до договор со Бугарија кој ќе се темели на европските вредности и со почитување на идентитетските прашања, користејќи го како основа предлогот на португалското претседателство, преземен и од актулениот претседавач Словенија, смета премиерот Зоран Заев.

Тој на заедничката прес-конференција во Скопје со претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен потсети дека земјава и досега покажа подготвеност и конструктивен придонес, но посочи дека идентитетските прашања не можат да бидат предмет на преговори, а вели, има позитивни сигнали за тоа од Бугарија.

- Advertisements -

-Во духот на европските добрососедските односи ќе ги интензивираме разговорите со Бугарија со искрена волја да правиме чекори поблиску до решение на нашите отворени прашања. Ние и до сега покажавме подготвеност и конструктивен придонес за решавање на билатералните односи преку заемно почитување и заштита на националниот достоинство, но идентитетските прашања едноставно е невозможно да бидат предмет на преговори и среќни сме што од Бугарија стигнуваат сигнали за разбирање за овие прашања кои се исто така и европски вредности, порача Заев.

Поврзани новости