Заев: Веројатно ќе изгубиме гласови што Југохром не работи, но прво мора да се постават филтрите

by fokus 19:29
19:29

Како држава правиме се што е во наша моќ за да го рестартираме Југохром. Го стимулиравме сопственикот, кој е во преговори за продажба на комбинатот со турски потенцијален купувач кој работи во истата дејност, да го доизгради филтерот. Се надеваме дека ќе се договорат и оти новиот сопственик ќе биде поажурен, порача денеска премиерот Зоран Заев.

-Југохром го затворивме и го условивме се додека не ги постави филтрите нема да биде отворен заради здравјето на луѓето од Полог. Обезбедивме повеќе од 1,1 милиони евра  за изградба на филтрите, а газдата досега има вложено сопствени 500.000 евра. Преговараме за да го мотивираме да продолжи со постапката за поставување на филтрите за која обезбедивме дополнителни 1,1 милиони евра, иако станува збор за приватна сопственост, рече Заев во одговор на пратеничко прашање на собраниска седница.

- Advertisements -

Во моментов, посочи, течат преговори помеѓу швајцарскиот сопственик со потенцијален купувач од Турција кој работи во таа дејност и е подготвен да го заврши целиот процес и се надева дека ќе се договорат.

-Доколку се договорат ќе се забрза процесот на поставување на филтрите, а со тоа и стартувањето на Југохром. Како држава сме направиле се иако станува збор за приватна сопстеност. Веројатно ќе изгубиме одредени гласови заради тоа што луѓето не работат, но сепак здравјето е пред се и над се, и стоиме зад него. Правиме се што можеме Југохром час поскоро да биде ставен во употреба, потенцира Заев.

Поврзани новости