Заев: Веднаш сум спремен да седнам на маса со Мицкоски, за лидерска треба да се сите во државата

by Fokus

Стојам на располагање за лидерска средба, рече денеска премиерот Зоран Заев во Росоман, одговарајќи на новинарско прашање ќе има ли лидерска средба на барање на опозицијата.

Тој нагласи дека уште вчера имало информација дека стојат на располагање, но за лидерска средба сите учесници треба да бидат во земјата, а претседателот Иванов е во Турција, додека министерот за надворешни работи е во Хаг.

– Денеска, по овој настан, подготвен сум да одржам состанок со шефот на опозицијата, доколку тој заклучи дека треба да го има. Тие побараа лидерска средба, а како ќе одлучат јас им стојам на располагање, да ги информирам пред да одиме на средбата во Софија, а, секако, подготвен сум и по Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Софија да ја свикам лидерската средба, кога на неа би биле сите присутни. Но повикот е на шефот на опозицијата, а јас стојам на располагање во координација со него, така и да ја организираме средбата, нагласи Заев.

Поврзани новости