Заев: Вечно ќе бидеме Македонци и вечно ќе зборуваме македонски јазик

by fokus

По вчерашната лидерска средба, на која не се постигна договор за аспектите на референдумот за името, премиерот, Зоран Заев, утринава уверува дека македонскиот идентитет не е загрозен.

„Татковината ќе ја биде. Македонија ќе стане членка на ЕУ и НАТО, а македонскиот народ вечно ќе биде македонски народ и вечно ќе зборува македонски јазик“, пишува тој.

Заев вчера изјави дека референдумот ќе биде спроведен и без учество на опозицијата од која се бараше да го повика своето членство да не го бојкотира.

Поврзани новости