Заев вечерва на средба со Ахмети

by fokus

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети доцна вечерва беше на средба со Зоран Заев во седиштето на СДСМ.

Партиски извори за ТВ24 брифираат дека двајцата лидери барале начин како да се придвижат работите за свикување на Собранието. Во таа насока утре Заев ќе има средби и со Беса. Сепак, за утре не се очекува да биде свикано Собранието, но очекувањата се дека тоа би можело да се случи до петок.

Истовремено пак, Ахмети вечерва во интервју за ТВ21 рече дека смета оти не треба да се свика седница на собранието без претходен договор меѓу партиите.

-Без вистински договор меѓу страните кои се претставници на мнозинските заедници, СДСМ, ВМРО, ДУИ и останатите партии ние не можеме да правиме експерименти како во театар, да одиме во собрание без претходен договор. Да не одиме во собранието за да се видиме еден со друг и да си размениме неколку пцовки и навреди туку да одржиме седница каде ќе се избере комисија за назначување и да се избере претседателот на Парламентот- изјави Ахмети.

Поврзани новости