Заев вечерва ќе ги собере на средба лидерите кои го поддржуваат референдумот

by fokus 18:04
18:04

На иницијатива на премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, вечерва ќе се одржи средба на лидерите на политичките партии кои даваат поддршка на референдумот на 30-ти септември и процесите коишто се во насока на полноправно членство на Македонија во ЕУ и НАТО.

Тема на вечерашната средба, како што информираат од СДСМ, е референдумот и најважната државно-политичка цел: евроатланскиот пат на Република Македонија, приоритети од кои зависи иднината на државата и сите наши граѓани.

- Advertisements -

Поврзани новости