Заев: Васта прислушувала над 100 новинари

by Фокус

На денешната прес-конференција на СДСМ, лидерот на партијата Зоран Заев ја објави четвртата „бомба“. Заев истакна дека најновите прислушувани разговори кои ги објави докажуваат дека власта во чекор ги следела новинарите и вршела контрола врз медиумите, односно биле прислушувани над 100 новинари. Меѓу прислушуваните има и такви, кои важат блиски до власта. Според Заев овие разговори директно ја покажуваат спрегата, како што рече, премиер-УБК-медиуми.

-Овие снимки ќе покажат како власта директно владее и менаџира со медиумите, истакна Заев.

Тој истакна дека критичките новинари имале посебен третман во УБК, односно нивните разговори биле писмено анализирани.

 

Поврзани новости